Македонски народни песни/ Абер дојде Донке

Абер дојде Донке од кулата
Од кулата Донке од агата
Да ги збериш Донке аргатите
Аргатите Донке невестите
Ќе жнееме Донке куси јачмен
Куси јачмен Донке до колена
Они ќе јадат Донке лук и вода
Ти ќе јадеш Донке рудо јагне.


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано уреди

Надворешна врска уреди

Музика