Македонска народна еротска песна (1)

Македонска народна еротска песна

од народното творештво


А бре, Петре, седиш дома
Јадиш гомна,
Толчиш вошќи на подлошќи!
Фати го кучето,
Удри го од лесата,
Јади му од месата,
Удри го од вршникот,
Јади му трбушникот,
Повлечи го по мразот,
Јади му од газот,
Удри го од лаурот
Јади му од паурот,
Повлечи го од тревата,
Јади му од цревата,
Удри го со пратот,
Јади му го стапот,
О, о, о, коледе, коледе!


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.