Македонска крвава свадба/ Предговор
(Пренасочено од Македонска крвата свадба/ Предговор)
Предговор кон „Македонска крвава свадба“ од Војдан Чернодрински |
на современ македонски правопис |
Што напишав јас? Ништо не напишав. Јас го препишав од сè уште ненапишаната крвава историја на Македонија она што читателот ќе го прочита, а гледачот ќе го види во театарот. Крвожедноста на нашите Турци-бегови, готовноста на Македонките да умрат, но верата да не си ја менуваат, а машкоста на Македонецот јуначки да им одмаздува на оние крвници што ја извалкаа или ќе се обидат да ја извалкаат неговата семејна чест ете, во тоа главно се состои содржината на пиесата. Успеав ли? Дали точно препишав? Не знам; за тоа нека се искажат г-дата критичари. Ако сум успеал, се радувам, ако пак не, сиот грев го фрлам на оние што можат поубаво да ја извршат оваа работа, која мене не ми беше по силите.
Пред себе сум оправдан, зашто не мислев да бидам писател ниту мислам, ниту ќе мислам со тоа да го исплаќам долгот кон мојата поробена татковина.
Софија, декември 1900 г. В. Чернодрински |