Лулела е Јана
- Лулела е Јана
- Булино детенце,
- Ем го је лулела,
- Ем го луто клела.
- "Да ми даде Господ
- Булино детенце,
- Денес да лулеам,
- Утре да жалеам.
- Што не можам д' идам
- На собор да бидам,
- На собор да бидам,
- С' либе да се видам."
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |