Лино, мори моме, севдалино
- Лино, мори моме, севдалино,
- Која вечер, Лино јас да дојдам.
- Море, кога сакаш Ѓорѓи, тогај дојди,
- Оваа вечер, Ѓорѓи не доаѓај.
- Море, татко појде, Ѓорѓи во Солуна,
- Во Солуна Ѓорѓи, на пазарот.
- Море, кога појдов мамо, што да видам,
- Лина стои диван пред свекрва.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |