Леле мајко што ме роди

Леле мајко што ме роди е македонска народна песна.

Текст на песната

уреди
Леле мајко што ме роди толку сиромав [2х]
сиромав, сиромав, пусти раскапан
сиромав, сиромав, леле без к'смет.
Куќа имам жена немам леле сиромав [2х]
сиромав, сиромав, пусти раскапан
сиромав, сиромав, леле без к'смет.
Врвци имам чевли немам, леле сиромав [2х]
сиромав, сиромав, пусти раскапан
сиромав, сиромав, леле без к'смет.
Учкур имам гашти немам леле сиромав [2х]
сиромав, сиромав, пусти раскапан
сиромав, сиромав, леле без к'смет.


  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Надворешни врски

уреди

Блог за македонски народни песни