- Шест пати Димче аман се посвршил,
- а ниеднаш личен Димче не се оженил.
- Се вршам браќа, ама не се женам,
- за прстени море разни, златни, далечни.
- Леле, леле Димче, леле трчај лажи,
- сал се вршиш, ту бре Димче,
- еднаш не се жениш.
- Шест прстени златни носиш на рака,
- сал се вршиш, ту море Димче,
- еднаш не се жениш.
- Кола да имаш, аман ќе те мислат,
- а ти немаш кутри Димче, ни криво магаре.
- Куќа да имаш, аман ќе те зборат,
- а јас кутри личен Димче, колиби сонувам.
- Леле, леле Димче, леле трчај лажи,
- сал се вршиш, ту бре Димче,
- еднаш не се жениш.
- Шест прстени златни носиш на рака,
- сал се вршиш, ту море Димче,
- еднаш не се жениш.
- Ко конзул Димче, сал си дотеран,
- каранфили само бериш, на девојки даваш.
- Шест пати Димче аман се посвршил,
- а ниеднаш личен Димче море не се оженил.
- Леле, леле Димче, леле трчај лажи,
- сал се вршиш, ту бре Димче,
- еднаш не се жениш.
- Шест прстени златни носиш на рака,
- сал се вршиш, ту бре Димче, јаз'к да ти е!
- Еднаш не се жениш!