Лажи, лажи Вере
- Лажи, лажи Вере,
- Лажи, кого лажиш,
- Само мене Вере,
- Немој да ме лажиш.
- Јас си имам Вере,
- Леле, јас си имам,
- Јас си имам Вере,
- До три болести.
- Прва болест Вере,
- Леле, прва болест,
- Прва болест Вере-
- Струмички меани.
- Втора болест Вере,
- Леле, втора болест,
- Втора болест Вере-
- В туѓина ќе одам.
- Трета болест Вере,
- Леле, трета болест,
- Трета болест Вере-
- Изгорев за тебе.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |