Марш на Трета македонска бригада

Ко челик сме ние со Титови сили
Стив Наумов стои пред нас като штит,
Карпошова злоба тече во нашите жили,
Бригадата наша ко чекан е свит.
Низ планини стрми, низ бурите снежни
Апостолски беше првиот на пат,
Со Титова љубов на очите мрежни
Не бодреше Темпо, наjмилиот брат.
Беласица стара вечна ке си спомни
За нашата тврдост след одлучен час,
За хероjска борба, за подвизи горди
Брегалница сведок ке ни пои.
Над кочанско поле со фашиски орди
се урнавме смело во нерамен бој,
низ херојски борби и подвизи горди
не жалевме живот за новиот строј!
В крвавиот Дренак и Пелинце славно
ќе треперат врагои ко исушен лист
со здружени сили окови ќе пукнат
ќе изгрее бргу ден светол и чист!
Ко челик сме ние со Титови сили
Стив Наумов стои пред нас като штит,
Карпошова злоба тече во нашите жили,
Бригадата наша ко чекан е свит.


Текст: Ацо Шопов
Композиција: Панче Пешев
Ацо Шопов, Со наши раце, 1950
Песната првпат објавена во Положај, весник на Втората македонска ударна бригада, април−мај, 1944.

Извор

уреди