Кој што ме чуе да пеам
- Кој што ме чуе да пеам,
- Тој мисли тага јас немам.
- Јазе си пеам, веселам-
- Тагите да заборавам.
- Оздола иде либето,
- Со двајца верни другари.
- Либето беше трендафил,
- Другарите беа гранчиња.
- Јазе на либе му зборувам:
- Дојди ми либе до вечер.
- Дојди ми либе до вечер,
- Јас ќе те чекам под пенџер.
- Дојди ми либе до вечер,
- Јас ќе те чекам под пенџер.
- Не можам либе да дојдам,
- Јас си заљубив друго либе.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |