Коста Солев Рацин/ До целиот македонски народ

„До целиот македонски народ“

од Коста Солев Рацин
Статијата е објавена како што е оригинално напишана, со правопис кој го користел Рацин.
ДО ЦЕЛИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД!

ДО СИТЕ ЧЕСТИТИ МАКЕДОНЦИ!

Братја, живееме во едно најсудбоносно време. Ретко кога во нашата и европејската историја стануеле оваквиа промени, кои можат да се упоредат само со продируењето на германските варвари у некогашната Римска империја и со продируењето на Турците на Балканот, пред петстотини години. Ние гледаме како потомците на некогашните варвари денеска ги куткајат цел ред стари културни европејски држави. Ние гледаме, исто така, што оставаат тиа варвари по себе, и во какво положение се народите, под нимната крвава чизма. Ние и самите видофме, со свои очи, како тиа варвари дојдова и овде, на Балканот, и на своја кожа осетифме, што добро ни носат. Ние видофме насекаде како таја нова варварска далга мина како веда, и државите на стари културни народи, изградуени со десетилетиа и векови ги смете како слама. И еве најпосле, пак со свои очи гледаме, како таја варварска далга се управи спроти најголемата и најкултурната славјанска држава, Сојузот на Совјетските Социалистички Републики, и како таму води, поеке от три месеца, најсудбоносната за светов војна. И јасно требе да ни биде како ден: Новите германски варвари наумиле да го пофторат походот на своите некогашни стари, да ги урнат сите европејски држави, да ги поробат за векови и векови сите културни европејски народи, да им ја земат слободата, да им ја згазат културата, да ги направат бесправни робови, и да владејат над ним!

Разбира се, секој честит човек, што мисли за своиот народ и за сопствениот живот, ке се праша за причината на това што стануе. Секој сака да си објасни, зошто толку држави и толку културни народи паднаја под крвавата чизма на бесните германски кучиња. И ако по рано издадените, измамени и продадени од своите капитулантски и петоколонашки управлениа, не дојдова до објаснуење на таја причина, денеска сите тија народи знајат, дека причината за нимното поробуење не е у Хитлеровата сила, ами у предателството на нимните управленија. Така стана и кај нас на Балканот!

Српската, хрватската и болгарската буржоазија, српскиот и болгарскиот двор и дворските камарили, нифните капитулантски генералштабови и петоколонашки управленија - ги отворија границите на своите држави и ги пуштија против своите народи бесните кучиња на Хитлера! Од Черномел и Косово поле, па до нашиве денови, не се памти такво народно издајство. И зошто стана сичко това? Затова оти, не бидујки никојпат народни, водејки постојано противнародна политика, скусујки ги крваво спечалените народни слободи, и вечно омразени од народот - кога пукна европејската војна и бесните кучиња на Хитлера им почукаја на врата, тија дворови и правителства, за да се спасат од народот, го повикаја на помоќ Хитлера и капитулираја пред него! Само така кучето Хитлер можеше да ги прегази толку држави, за да го исполни својот лудешки план - да го завлада целиот свет! Најстрашното Хитлерово оружие не се неговите тенкови и аероплани, ами лагата, измамата и издајството на неговите вазали спрема народот. Това требе да се запамти убаво, за еден ден кога ке се суди!

Братја Македонци! У какво положение сме ние?

Ние немафме самостојателна држава. Ние не можефме со оружие во рака да се бориме против Хитлера. Ние ецкафме под кундакот на српскиот војнофашизам, и кога тој капитулира, смачкан од кучето Хитлер, ние дојдофме у искушение да станеме жртва на една најгнасна измама и лага: да мислиме дека баш многонародниот поробител, кучето Хитлер, е наш ослободител! У толку повеке што таја измама и лага стана страшно оружие во раците на Хитлеровиот вазал од Болгарија, цар Борис Трети и Последни и неговото народоиздајничко правителство, кои почнава да го обезоружувајат народот со својата архилага: како баш нимната политика довела да се „ослободи“ Македонија и „обедини“ Болгарија...

Македонци! Таја архи-лага је отров над отровите, и вие не требе да и дадете место во вашата душа! Никога, ни кучето Хитлер, ни неговиот вазал Борис Последни, не можеле, не мислат, нити се пак достојни да мислат са слободата на Македонија! Подлеци по душа, крвопијци по занаат, најголеми непријатели на народните слободи - заре кучето Хитлер и вазалот му Борис да мислат за Македонија? Лага, и архи лага! Вистина е пак дека Борис Последни одамна се бореше против македонците во Болгарија, ги осудуеше на смрт и ги стрелаше по софијските улици како кучиња, и уште тогај за вечни времиња ја предаде Македонија на милост на великосрпските убијци. А подлецот Хитлер у свое време направи капитулантско споразумение со српскиот капитулантски двор и неговото петоколонашко управление, според кое и српска и грчка Македонија имаја да останат за веки веков под српска чизма. Што имајат они да зборујат за Македонија и што има да чека од ним македонскиот народ? Ништо повеке од ново и поцрно робство. Како што пред идењето на Турците, болгарскиот цар Шишман капитулира пред ним и ги пушти за да „поминат“ низ Болгарија, за да се бијат со Србите на Косово, така и сега направи со германските кучиња Борис Последни. И што стана тогај со Шишман? Тој стана турски вазал, додека Турците не го покорија целиот Балкан. После това и Болгарија изгуби секоја самостојителност, и благодарение на таква „политика“ Турците не владееа цели петстотини години. Не ли сега се пофторуе истата историја и со Бориса Последни?

Братја Македонци! Ете ја истината! Ние не требе и не смееме на никого од нас да дозволиме да стане жертва на лагата на „ослободена“ Македонија! Напротив, требе сериозно да се помислиме над това што ни мислат подлецот Хитлер и неговот гнасно орудие - Борис и неговото правителство! Нашето место не е на нимната страна, нашето место е кај онија народи што се борат против кучето Хитлер и неговите бесни орди!

Да погледаме околу нас!

СИЧКИТЕ НАРОДИ СТАНАЛЕ НА БОРБА ПРОТИВ ХИТЛЕРОВИТЕ ВАРВАРИ!

Насекаде кај што згазила крвавата германска чизма се пуши пепел и прав и никаде нема мир. По цела Европа трескајат пушки, бомби, адски машини и стануат невидени до сега саботажи - НИ ЕДЕН НАРОД ПОД КУЧЕТО ХИТЛЕР НЕМА ДА БИДЕ РОБ И СЕ БОРИ! Ако неговите подли варвари ја скршиле војната си[ла] на нивната држава - народите се борат и не мислат да бидат робови. И подлецот Хитлер никога нема да ја постигне својата огромна империја: зад неја е Америка, светски арсенал на сите што се борат против Хитлера. А на исток - најхрабриот народ на целит свет, народот на Совјетските републики, за секоа педа земја десет пати повеке зима диво варварско месо и нема да му позволи на кучето Хитлер да победи! И ако над Германија денеска влада еден улав човек, кој си вообразил да го покори целиот свет, а целиот германски народ да го направи вооружен џандар - народите нема да позволат да бидат робови. СИТЕ СЕ ДИГАЈАТ НА БОРБА!

И МАКЕДОНИЈА НЕМА ДРУГО МЕСТО!

Хитлеровиот вазал, Борис Последни, си ја поврзале својата судбина со Хитлера. Нимната штампа, нимното радио, нимните продадени човеци - сите сега у еден глас викајат: спасението на Болгарија и Македонија е у победата на Хитлера. Ако не поведи Хитлер, Англија ке не уништожи, а вас македонците србите ке ве исколат. НО СИЧКО ТОВА НЕ Е ВЕРНО а стара маска на подлец и униец! Тешко и горко за ним - они нема што да берат гајле за судбината на нашиот народ, они - што ни мислат ново пеивековно робство под крвавата хитлерова чизма. Македонскиот народ НЕМА ШТО ДА СЕ ПЛАШИ ОД СРБИТЕ: храбрите српски синови, кои денеска се борат по легендардните шумадијски шуми и планини, против бандите на кучето Хитлер и неговото вазално великосрпско правителство - најздрава се гарантија оти нема да се врати старата српска чизма. Со српските шовинисти, со болгарските шовинисти, со нифната политика на поделба на Македонија - се свршуе веке! Смртта на нифниот господар, подлецот Хитлер, е и нифна смрт! Над целиот тој џган и пепел и гар, над гробот на сите балкански кавги ке воскресне УНИЈАТА НА СЛОБОДНИТЕ БАЛКАНСКИ НАРОДИ, и

СЛОБОДНА, НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА!
Македонци!
НАЈГОЛЕМИОТ НЕПРИЈАТЕЛ НА НАШАТА СЛОБОДА е непријателот и поробителот на сите европејски народи - КУЧЕТО ХИТЛЕР!
НАШЕТО МЕСТО Е ДЕНЕСКА НА СТРАНАТА НА ТИЈА НАРОДИ, против Хитлера и неговите болгарски вазали!
ДА ЖИВЕЕ СВЕТСКАТА БОРБА ПРОТИВ КУЧЕТО ХИТЛЕР!
СЛАВА НА ЦРВЕНАТА АРМИЈА И ПАДНАЛИТЕ СОВЈЕТСКИ БОРЦИ!
ДОЛЕ БОЛГАРСКИТЕ ВАЗАЛИ НА ХИТЛЕР!
ЗА СЛОБОДА, ЗА НАРОДНИ ПРАВА, ЗА ПОАРЕН И ПО СЛОБОДЕН ЖИВОТ!
ЗА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА, ЗА УНИЈА НА СИТЕ БАЛКАНСКИ НАРОДИ!


Поврзано

уреди

Извор

уреди


  Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 50 години.