Коста Солев Рацин/ До еден работник

„До еден работник“

од Коста Солев Рацин
Песната прв пат е објавена во 1936 година..

Да бидеш човек, да имаш топла крв,
да мислиш со глава и да работиш со рака
и па да бидеш нешто мртво.
През цел свој живот и ден и ноќ
да се трудиш и мачиш
и па да бидеш гладен и страден.

Работник - патник:
да немаш ништо, да страдаш за сичко -
а ти и твоите браќа да праите се!
Палати да праиш
да живееш у изба -
од лулка до гроб
да бидеш роб.
Од вашата мака
да живеат друзи!

О, братко! Плукни на таков живот!
Со браќата твои, со маката ваша,
сронете го овој свет
и нов направете -
братски!


Поврзано


  Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 50 години.