Коста Солев Рацин/ Афионот је нашто богатство

„Афионот је нашто богатство“

од Коста Солев Рацин

Афионот је нашто богатство
и нашата мака.
Големи ниви изорахме
со дрвеното рало;
Со тврдите раци
посејахме ги.
Потот наш голем
неје безплоден:
Красни се зелените поља:
милиони корења
милиони чаури
милиони црни капки капат
афион. Мие сејеме и береме
отров и лек.
Лек за тој што има
отров за сите гладни.
Мие сееме и береме
црно катран злато
шо тече и тече во бовнините изби.
Мие сееме и береме
ораме и копаме
не за нас
не за нашите деца.
Ама ке дојде ден!...


Поврзано

уреди

Извор

уреди


  Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 50 години.