По жолтиот ѕид
на мојата мала соба
играат сенки
темјанужни
и
зелена светлина
одлетува
во аглите
со копнеж
и
кошмар
опкружени.
Пејзажи пластични
горат надвор од собава
во езероно шаренолико
од разни цутови
и
шуми надвор духот
на веќе будниот ден,
вдахнувајќи им надеж
на
безнадежните.
Моите мисли поцрнуваат
како
ноќни облаци
и
тревожно виснат
над
бодрава душа,
оросувајќи ми го челото
се спојуваат во далги,
плискајќи се
по дното
на
мојава душа
на
моево срце.
А таму само
копнеж
и
кошмар
танцуваат!
Таму, пак, само
тага владее
и
лелеци го кинат
срцево мразно.
Мир.
Тишина.
Утрото мазно
видикот го обгрнува.
Покој.
Само празнина морничава,
како
волк
граблив,
како
хиена
кобница,
молчи
и
ја пие крвта
на
душата
бледа.
Копнеж.
Копнеж сеоддаен.
И
Кошмар.
Молчам
и
гледам
во
окното
полускршено
како
есента се клешти
Немам никакви сили вешти –
самата –
есента се клешти...
Празнина.
Копнеж.
Кошмар.
Копнеж
и кошмар
танцуваат,
викаат,
пеат...
Мир...
Тишина...
Покој...
Утрото
мразно
го обгрнува видикот.
Јас
сум
смртен:
- Копнеж
сеоддаен!
И
кошмар!
Барам
блаженство
и
наслада
во
збракава
на
животот...
Живеам
како
лилјак
во
бесплодново
талкање
Нема
за
мене
ништо
на
овој
свет:
Јас
излишен
сум.
Едно збогум!
Едно догледање засекогаш!...
... Минути
минат...
... Стотици
часови
ојдоа
во
неврат:
во
вечноста...
Деновите минат:
излишни
дни
минат
небаре
гаврани
црни,
небаре
камења
тешки,
црни
минат
одлетуваат,
гракаат;
небаре
ројаци,
небаре
пена
на
лудо
и
бесно
море,
морето
на
животот,
небаре
одломки
од
лелеци,
воздишки,
лаги,
фантазии,
одат тие
во
реката
Харон,
во
Ништото...
Чучулигите
на
душава
се
престорени
во
крастави
жаби.
А јас?
- И
јас
сум
крастава
жаба!
Не!
- Јас сум
комарец!
По жолтиот ѕид
на мојата мала соба
играат
сенки
темјанужни
и
зелена
светлина
одлетува
во
аглите
со
копнеж
и
кошмар
опкружени!