Константин Миладинов/ Шупељка
„Шупељка“ од Константин Миладинов |
- Ушче ко си беф малечек,
- От клас си писка напраиф.
- Со неја свиреф, подскаквеф,
- И по зелени ледини
- Си трчах по преперуги.
- Достигне други години;
- Да свира мило ми беше.
- Радосен свирка напраиф
- И со моите другари
- Играф со срце весело,
- Трчаф по поле широко,
- Шетаф по гори високи
- И низ езера поминаф.
- Сега се други времина;
- Ја сега нејќу да трча,
- Не ми е мило да шета,
- Ни сака игри другарски.
- Сега шчо ми је најмило,
- Дружба да има шупељка,
- Да најда место високо,
- Под ладна сенка дâбоа:
- Пред мене поле широко,
- Под ноѕе рече да течит,
- Над глаа ветар да шумит;
- И ја на дâбот навален
- Да свира со шупељката
- Как ќе ме учит срцево.
Наводи
- Песни, Константин Миладинов, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.
Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 100 години. |