Константин Миладинов/ Т’га за југ
„Т’га за југ“ од Константин Миладинов |
Тага за југ |
- Орелски крилја как да си метнех
- и в наши стâрни да си прелетнех!
- На наши места ја да си идам,
- да видам Стамбол, Кукуш да видам,
- Да видам дали сâнце и тамо
- матно угревјат, како и вамо.
- Ако как овде сâнцето ме стретит,
- ако пак мрачно сâнцето светит:
- На пâт далечни ја ке се стегнам,
- и в други стâрни ке си побегнам,
- каде сâнцето светло угревјат,
- каде небото ѕвезди посевјат.
- Овде је мрачно и мрак м' обвива
- и темна мâгла земја покрива:
- мразој и снегој, и пепелници,
- силни ветришта и вијулици,
- Околу мâгли и мразој земни,
- а в’гради студој, и мисли темни.
- Не, ја не можам овде да седам!
- Не, ја не можам мразој да гледам!
- Дајте ми крилја ја да си метнам
- и в наши стâрни да си прелетнам:
- на наши места ја да си идам,
- да видам Охрид, Струга да видам.
- Тамо зората греит душата
- и сâнце светло зајдвит в гората.
- Тамо дарбите природна сила
- со сâта раскош ги растурила:
- Бистро езеро, гледаш, белеит
- или од ветар синотемнеит:
- поле погледниш, или планина
- -сегде Божева је хубавина.
- Тамо по срце в кавал да свирам,
- сâнце да зајдвит, ја да умирам!
Наводи
- Песни, Константин Миладинов, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.
Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 100 години. |