Константин Миладинов/ На с’нцето
„На сâнцето“ од Константин Миладинов |
Сâнце ле, сâнце ти златно,
Зашчо си пушчил ко платно
Околу тебе смолови
Темни облаци покрови?
Жити небесна ширина
И жити твоја светлина,
Темни облаци разсеи,
И јасно, сâнце, угреи!
Вервиш ли, сâнце, шчо ми е?
В стреде си мене завиен.
И сега темен, печелен
Ја се нахожда опален?
Сâнце ле, сâнце премило!
По сâта земја си било;
Си видел други несчастен
Ко мене, сâнце, порастен?
Да живја, сâнце, без радост
Во најцветната ми младост! -
Кажи ми, има трпење?
Какво несносно мâчење!
Сâнце ле, облак разсеи
И чисто, златно угреи!
И мене, сâнце, зарадви.
Наводи
- Песни, Константин Миладинов, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.
Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 100 години. |