Константин Миладинов/ Думание
„Думание“ од Константин Миладинов |
1859 февруарија |
Зашчо, зашчо ја да љубам?
Зашчо себеси да губам?
Окул-нокул јарка младост,
От љубовта барат ладост.
Тја лад не дат, пламен даат,
И во мâки души клаат.
Зашчо, зашчо ја да љубам?
Зашчо себеси да губам? -
Јарка младост, јарко греит
И ко цвеќе ме венеит.
Барам сенка да с’оладвам,
В место сенка, в жарој падвам.
Зашчо, зашчо ја да љубам?
Зашчо себеси да губам? -
Младост срцето ми печит
Без надежда да м’излечит.
Ела, младост, усили се
И во мене угасни се!
Наводи
- Песни, Константин Миладинов, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.
Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 100 години. |