Кондисал Ајрадин Паша
- Кондисал Ајрадин Паша
- Кондисал Ајрадин паша, кондисал карши Галичник.
- Наличил силни топови, да ми го горит Галичник,
- Галичник село големо, Стамбол на ќутук пишано.
- Извадил ѓузлук дулбија, догледал чешма Упија.
- На чешмата до две девојки, две девојки и една невеста.
- Девојки платно белеје, невеста вода носеше.
- Излегол Томо Томоски со ќеаите по него.
- Јагне сугаре носеје, селам на паша чинеје.
- Селам на паша чинеје, да не го горит Галичник.
- Жалба му падна на срце, дигна си силни топови.
- Дигна си силни топови, не го запали Галичник.
- Галичник село големо, Стамбол на ќутук пишано.