Кое цвеќе најрано

„Кое цвеќе најрано“

од Македонско народно творештво
Гостиварски крај2,192. Од Гостиварско,запис на А.Поповски


-Кое цвеќе најрано, Лазаре,
кое цвеќе најрано и-и-и!?
Најрано е качуњка,Лазаре,
најрано е качуњка и-и-и!?
По качуњка л’убика,Лазаре,
по качуњка л’убика и-и-и!?
По л’убика јаглика,Лазаре,
по л’убика јаглика и-и-и!?
По јаглика петопрст Лазаре,
По јаглика петопрст и-и-и!?
Проговара л’убика, Лазаре,
Проговара л’убика и-и-и!?
Тешко тебе качуњке,Лазаре,
тешко тебе качуњке и-и-и!?
Што си имаш маќеа,Лазаре,
Што си имаш маќеа и-и-и!?
Те скориват најрано,Лазаре,
Те скориват најрано и-и-и!?[1]


Наводи

уреди
  1. /files/books/Македонски народни умотворби „Митолошки и обредни песни“], Др.Марко Китевски стр. 226