Кога ќе одиш моме за вода

Кога ќе одиш моме за вода, (х2)
и мене Злато моме да ме рукаш. (х2)
Да ти поносам моме стомните, (х2)
да не те бољат моме раците. (х2)
Кога ќе одиш моме за слама, (х2)
и мене Злато моме да ме ругаш. (х2)
Да ти поносам моме косето, (х2)
да не те боља моме рачето. (х2)
Кога ќе одиш моме на нива, (х2)
и мене Злато моме да ме рукаш. (х2)
Да ти поносам моме дикељо, (х2)
да не те боља моме лакчето. (х2)

Оваа песна е собрана од селото Куфаја, од околината на Солун.


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано

уреди

Надворешна врска

уреди

Во изведба на Костас Новакис