Кога се мажеше што ти се чинеше

Кога се мажеше што ти се чинеше,
Невесто, мори црно око,
Лиду, лиду, лиду ду,
Црно ле око, де.
Дали ти се чинеше момче шеќерче,
Невесто, мори црно око,
Лиду, лиду, лиду ду,
Црно ле око, де.
Ниту је момче, момче шеќерче,
Невесто, мори црно око,
Лиду, лиду, лиду ду,
Црно ле око, де.
Ниту је круша, круша шербетлика,
Невесто, мори црно око,
Лиду, лиду, лиду ду,
Црно ле око, де.
Камо ти невесто за свекорот кошула,
Невесто, мори црно око,
Лиду, лиду, лиду ду,
Црно ле око, де.
За свекорот шамија, за деверот чорапи,
Невесто, мори црно око,
Лиду, лиду, лиду ду,
Црно ле око, де.


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано

уреди

Надворешна врска

уреди

Музика