Кито моме, Кито душо

Кито моме, Кито душо,
Што те мама кара, што те мама кара.
Што те мама кара Кито,
Се’ по вечерина, се’ по месечина.
Рефрен:
Кито ле моме убаво
Кито ле севда голема. (2 пати)
Мене мама кара лудо
Се’ запади тебе, се’ за ради тебе.
Кога поминуваш, лудо,
Коња разигруваш со јаболка фрлаш.
Рефрен:
Лудо ле, севда голема
Лудо ле, првин мераку. (2 пати)
Со јаболка фрли, лудо,
По ѓердан ме удри, по ѓердан ме удри.
Ѓерданче ми тропна, лудо,
На мама и’ текна, оти ти доаѓаш.
Рефрен:
Лудо ле, севда голема
Лудо ле, првин мераку. (2 пати)
На мама и’ текна, лудо,
Ишарет ми даваш, ишарет ми даваш.
Рефрен:
Лудо ле, севда голема
Лудо ле, првин мераку. (2 пати)


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Музика Блог за македонски народни песни