Огледало

од Кирил Пејчиновиќ
на современ македонски правопис


Кирил Пејчиновиќ - Огледало - 1816[1]

Ете тако се празнуат великиј ден, кој ест христианин и кој ест радлив за своја душа. А како гледам во едни села, да чува Господ, дип грубо.

Ни христиани можем да ги наречем, ни пак неверници. Великиј петок и велика субота јадат и пијат, и великиј пост хора играат, со жена у постеља спиат, на забита се клеветет, давиа чинат, се пцуат, се тепаат, на сам ден велик ден причештиа чекаат. А попот узел, осом села попуат, каде по напред да стасат, трчат от село на село, со меинзил носит свјатии тајн. А едни сиромаси христиани дури ги жалим зашто до само полдне чекаат попа, на сам царскиј великиј ден гладни стоат и чекаат попа да му донесат причесна и викаат: „Се забави попот, тоа му било, она му било!“ Другиј пак велит: „Хајде да му се натепамо, ќи уште еднаш да не се забават!“ А еднии, чорбаџие што сат, мало позенгини, како кметинке, пак тија велат: „Не така. Да го тепамо, ќе не глобит забитот. Токо мије, ка што сме се собрале в куп, да идемо да потнесемо овен на агата или на пашата, да му аливерисамо ќутек, ем да го напудимо, да земемо друготого попа, ако е подалеко со куќата.“ Пак другиј кмет велит за другото тамо! Овај поп се забават, ама бре помало земат, ем вересие пеет, чекат за паре со години, а другио поп со Турци си земат хекот, ако му не платиш.“

Белешки

уреди
  1. Појавата на првите печатени книги на македонски јазик во почетокот на минатиот век е најважен настан во однос на остварувањето на стремежот да се постави писмениот јаизк на народна основа. Тоа се текстовите на Кирил Пејчиновиќ и Јаким Крчовски. Огледало на К. Пејчиновиќ е печатено во Будим 1816 г. Тоа, како и другите негови книжевни дела, содржи се’ уште доста црковни елементи, но во основата на неговиот јазик е тетовскиот говор, измешан спорадично со елементи на централните говори. Оваа одломка е од „Поучение свакому христиану како подобает празновати празници господарских и свјатих и како подобает причаститисја својатое причештение.“