Кинисала Роса ју планина
- Кинисала Роса ју планина,
- да си бере Роса росно цвеќе,
- ден го брала Роса, ден китила.
- Накитила Роса три товара,
- товарила Роса, замркнало,
- ја смркнало Роса, затемнило.
- Ој овчари, море, мили браќа,
- каде има браќа таа вечер,
- таа вечер, браќа, да ноќевам.
- Ноќевала Роса кај овчари,
- ја самнало Роса, товарила,
- кинисала Роса да си оди.
- Насмеа се Роса на овчари,
- Ој овчари, море, будалишта,
- сретнал волкот, море, рудо јагне,
- па не знаел, море, да го јаде.