Каљо, Калино девојче
Каљо, Калино девојче е македонска народна песна.
Текст на песната
уреди- Каљо, Калино девојче
- виши, виши црни очи
- виши, виши црни очи
- на високо, на широко. [x2]
- Кај што Турци кафе пијат
- Арнаути баш ракија
- Арнаути баш ракија
- а ергени рујно вино. [x2]
- Само едно лудо младо
- ниту јаде, ниту пие
- само Каља погледнува
- со око ѝ намигнува. [x2]
- - Ајде Каљо да бегаме
- в наше село, арно село
- од три страни сонце грее
- од четврта месечина
- два пати се жетва жнее
- три пати се лозје бере.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |