Каранфил невесто мори

Каранфил невесто мори е македонска народна песна.

Текст на песната уреди

Каранфил невесто мори
вода ми се пие [2х]
ако ти се пие лудо
појди па се напи. [2х]
Каранфил невесто мори
со усте напи ме [2х]
усте ми е полно лудо
со локум шеќери. [2х]
Каранфил невесто мори
вода ми се пие [2х]
ако ти се пие лудо
појди па се напи. [2х]
Каранфил невесто мори
со шепа напи ме [2х]
шепа ми е полна лудо
со златни прстење. [2х]


  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Надворешни врски уреди

Блог за македонски народни песни