Каде си тргнало, абре бај постоле
- Каде си тргнало, абре бај постоле
- каде си тргнало по ноќно време,
- аман, аман, аман по ноќно време
- аман, аман, аман по месечина.
- На пат ми те чекаат абре бај постоле
- на пат ми те чекаат до три пусии,
- аман, аман, аман до три пусии,
- аман, аман, аман до три пусии.
- Прва пусија абре бај постоле
- прва пусија турски черкези,
- аман, аман, аман турски черкези,
- аман, аман, аман турски черкези.
- Втора пусија абре бај постоле
- втора пусија клети душмани,
- аман, аман, аман клети душмани,
- аман, аман, аман клети душмани.
- Трета пусија абре бај постоле
- трета пусија први душмани,
- на пат ми те чекаат тебе да те фатат,
- аман, аман, аман тебе да те фатат.