И ќе дојде време и ден, о да,
ти ќе плачиш, ќе вениш за мен'.
Но, тогаш ќе бидит веќе касно,
јас ќе бидам во гробот студен.
Ти думај се дур' је уште рано,
штом те љубам, љуби ме и ти.
Не оставај млада да загинам,
во очајање и разни мечти.
Не прави ми толку многу маки,
многу маки, воздишки, солзи.
Прегрни ме и кажи ќе ме љубиш
и тури крај на мојте маки.
Ќе побараш друга како мене,
не ќе најдиш, запомни си ти.
После смртта за тебе ќе настанат
најгорчливи и најтешки дни.

Поврзано

уреди