И таму е мојата родина
И таму е мојата родина е македонска народна песна.
Текст на песната
уреди(Песна за Христо Узунов)
- И таму е мојата родина
- далеку Македонија
- јас сакам таму да загинам
- а ти ме заборави за век.
- И таму е мојта мајка
- и таму има божји свет
- јас сакам таму да загинам
- а ти ме заборави за век.
- Не плачи мила мајко
- не рони солзи крвави
- ако Христо Узунов падна
- на врагот жив не се даде.
- Сестрите нема да ми идат
- на мојот гроб осамотен
- и мајка нема да ми идат
- да леит солзи за мене.
- Не жали мила моја родино
- и сите Ви другари мој
- ако Христо Узунов падна
- на врагот жив не се даде.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |