Излези моме Русанке
- Излези моме Русанке,
- излези да ме пречекаш.
- Излези да ме пречекаш
- и коња да ми одседлаш.
- Не ми излегла Русанка,
- тук' је излегла мајка е.
- Тук' је излегла мајка е,
- мајка е, наш'та душманка.
- Мајка е, наш'та душманка,
- што сака да не раздели.
- Што сака да не раздели,
- две срца да ни одвои.
- Русанка ми се посврши
- за Хаџи Димчо, чорбаџи.
- За Хаџи Димчо, чорбаџи,
- за 150 жолтици.