Излегла Јана по поле

„Излегла Јана по поле“

од Македонско народно творештво
од Кумановско,запишал Велимир Николов.Гласник,на Етнолошкиот Музеј,1.с.298 Скопје 1960.


Излегла Јана по поле
да види Јана полето,
дали е поле стасано
да вати Јана аргати,
аргати млади момчиња,
и бегем,бегем девојки
и тие калеш невести,
Кога се Јана поврати,
одма се Јана разболе.
Мајка си Јана к’лнеше:
-Ако си Јано од болес,
да би ми Јано станала
Ако си Јано од лудос,
да би ми Јано не станеш,
Денес е жетва брзаќна
инат се ќерко не води.[1]


Наводи уреди

  1. /files/books/Македонски народни умотворби, книга втора „Трудови семејни и хумористични песни“], Др.Марко Китевски стр.59


Надворешни врски уреди