Изгреј зора на слободата,
зора на вечната борба!
Изгреј в душите и срцата
на сите робови по светот!
Тирани чудо ќе направиме,
ние туѓо ропство не трпиме,
со јуначка крв ќе ве удавиме
и пак ќе се ослободиме!
Јунаци смели пак развија
окрвавени знамиња.
Комити нови зашетаа
низ македонската земја.
Тирани чудо ќе направиме,
ние туѓо ропство не трпиме,
со јуначка крв ќе ве удавиме
и пак ќе се ослободиме!
Одекнуваат шуми, полиња, планини
од бојни песни и "Ура"!
Одат борците - великани,
напред, готови за борба!
Тирани чудо ќе направиме,
ние туѓо ропство не трпиме,
со јуначка крв ќе ве удавиме
и пак ќе се ослободиме!
Нас ништо веќе не ќе нè исплаши
и така живееме ден за ден.
Свети се горите наши,
во нив слободни да умреме.
Тирани чудо ќе направиме,
ние туѓо ропство не трпиме,
со јуначка крв ќе ве удавиме
и пак ќе се ослободиме!