Извикна мома од поле

„ Извикна мома од поле“

од Македонско народно творештво
од Црн камен,Виничко,пеела Ѕвезда Ниленкковска,родена во с.Завој,охридско,снимил Петар Стерјовски 1971 г.дешифрирала и мелографирала Родна Величковска народописни песни од Македонија,Величковска,40.


Извикна мома од поле,море
жетварки појат поле широко:
-Санце ле,санце јасно високо,
ка си високо,тај си широко!
Изгоре ми това бело лице,
бело лице,бело и црвено,
от санце ми лице повенало,
повенало,бела жетва жнеја,
жетва жнеја у поле широко,
поле широко,небо високо,
санцето е светило на свето.[1]


Наводи

уреди
  1. /files/books/Македонски народни умотворби, книга втора„ Трудови семејни и хумористични песни“], Др.Марко Китевски стр.56