Извештај на италијанскиот генерал Енрико Телини

Извештај на италијанскиот генерал Енрико Телини

од Енрико Телини
Како член на Комисијата за разграничување меѓу Југославија, Грција и Албанија, италјанскиот генерал Енрико Телини имал задачата да ги утврди етнонационалните чувства на населението во 18-те села во реонот на Преспа и Св.Наум.


Македонски села со бедни селани.

Сега преминувам да одговорам на прашањата поставени во врска со овие села кои ги посетив. 1. Бројот на куќи во секое село (потцртани со црвено на скицата) е приближно следен (бројот на населението не може да се прибере): Љубаниште - 15 куќи: македонски селани кои обработуваат чифлици на албански бегови. Конско - 7, Безмиште - 40, Горица - 30, Гломбок - 32, Сулим - 30, Пустец - 50, Лајсика - 10, Црновча - 10 куќи: бедни села на западниот брег на Преспанско Езеро населени со македонски селани, кои главно работат на имотите на албанските бегови, а делумно своја земја. Рахова - 53, Гразден - 55 куќи: во основа македонски села, но каде што училиштата и грчкото влијание имаа значајно влијание, така што тие сега се сметаат предимно грчки. Цера - 10 куќи, Трахово - 12 куќи: бедни села од видот на осумте на западниот брег на Преспанско Езеро Врник - 30 куќи: албанското и грчкото влијание се наметнаа на првобитниот македонски карактер. Лабаница - 90, Костенец - 110, Пеликат - 73, Слимица - 75 куќи: како за претходните две од полуостровот Сува Гора, грчкото влијание преовладува на првобитната македонска основа.