Зошто ми се срдиш либе

Зашто ми се срдиш либе
срдиш не доаѓаш?
Дали коња немаш либе
или друм не знаеш?
Врана коња имам либе
до три друма знае,
само ти се срдам либе
за сношната вечер.
Јас ти реков: добро вечер
ти ми рече: дојди вечер.
Јас ти реков: добро вечер
ти ми рече: дојди вечер.
Дојди вечер на вечера
дури не сме вечерале,
дури не сме вечерале,
вити порти затвориле.
Рајна на порти стоеше,
Рајна на порти стоеше,
меракот си го чекаше,
меракот си го чекаше.
Оф, ој Рајне Бурева
прибери ме мили Боже при неа
Оф, ој Рајна Бурева
јас не можам мили Боже без неа.
Оздола иде Ѓошето,
оздола иде Ѓошето,
Ѓошето на поп Јаневци.
И на Рајна вели, говори,
и на Рајна вели, говори:
Оф, ој Рајне Бурева
Изгоре ме мили Боже со неа.
Оф, ој Рајна Бурева
јас не можам мили Боже
ич без неа.

Поврзано

уреди