Земај ми го мили тате тоа девојче
- Земај ми го мили тате тоа девојче [x2]
- тоа девојче охриѓанче. [x2]
- Јас ти неќам мили синко тоа девојче [x2]
- Тоа девојче охриѓанче. [x2]
- Јас си сакам мили синко Битолчанче [x2]
- Битолчанче миразличе. [x2]
- Јас си неќам мили тате битолчанче [x2]
- тук си сакам првото либе. [x2]