Зборник на Миладиновци/ 669 песна
668 песна | 669 песна од Браќа Миладиновци |
670 песна |
на современ македонски правопис. |
Чук, чук лобода, падна тесла от бога, удри баба по нога, та се роди 'ртиче, си
го зави в крпиче, си го кладе на тланик; м'лчи, синче, не плачи, ојде в пазар татко ти,
ке ти купит два меха, едниот меден, другиот немеден, кој ке м'лчит медениот, кој ке
плачит немедениот, прет цареа порта ж'лта курешница, у тебе кључеите, у мене
катаните, моли замоли до три години.