Зборник на Миладиновци/ 604 песна
603 песна | 604 песна од Браќа Миладиновци |
605 песна |
на современ македонски правопис. |
Лудо младо вино пие,
Вино пие, јагне јаде;
Калпак држе на колено,
Ем се дига на големо.
Мома стое спроти него,
Уште му се шега бие,
Шега бие в очи смее:
„Море лудо, лудо младо!
Кадар беше да ме л'жиш,
Не би кадар да ме земиш.
А јас да беф како тебе,
Градина беф заградила,
Тебе прилес беф те клала.”