Зборник на Миладиновци/ 568 песна
567 песна | 568 песна од Браќа Миладиновци |
569 песна |
на современ македонски правопис. |
Имат мама Кана керка,
Ја пратила на бел Дунав,
На бел Дунав на водица;
Ја чекала до пладнина,
Немат Кана, немат вода.
Кога утре изутрина
Дробни ѕвезди разказаха,
Месечина рок зададе,
Ете Кана к'де идет
Гола, боса, гологлава;
Немат чевли на ноѕете,
Немат крпа на главата,
С'де вода опрскана.
Мајка је ја праштуаше:
„Варај Кано, мила керко!
Што си боса, гологлава?
Што си вода опрскана?”
Кана ли је гoвореше:
„Варај мајко, мила мајко!
И ти ли си неверница?
Та излезе мрена риба,
Мрена риба покрај море,
Со крилото ме попрсна,
Со окото ми потмигна.”