Зборник на Миладиновци/ 539 песна

538 песна 539 песна

од Браќа Миладиновци
На строј кога извадват девојката да се прстенуват
на современ македонски правопис.


Сино езеро скоро градено,
Во езеро је Ѓуро тргоец,
Ѓуро тргоец от Тргоиште.
Бела Бојана платно белеше;
Тога је рече Ѓуро тргоец:
„Дегиди мори бела Бојана!
Тебе те кажвет баш работница,
Јас ке ти даам појасмо и пол,
Да ми напраиш кнока кошула,
Кнока кошуља и бела риза!”
Тога му рече бела Бојана;
„Де гиди море Ѓуро тргоец,
Тебе те кажвет баш кувенџиа,
Јас ке ти даам драм и пал стребро,
Да ми напраиш ковани гердан,
Да ми напраиш и стребрен прстен,
Што ке престанит да ми го вратиш!”
„Егиди мори бела Бојана,
К'де се чуло и се видело,
Ти да ми даиш драм и пол стребро,
Да ти напраам ковани гeрдан,
Ковани гердан и стребрен прстен;
Што ке престанит да ти го врата!”
„Егиди море Ѓуро тргоец,
Ѓуро тргоец, баш кувенџивче!
Как ке напраам кнока кошуља,
Кнока кошуља и бела риза,
Така ке напрајш ковани гердан,
Ковани гердан и стребрен прстен,
Јас дека сум си баш работница,
Не ке го фрља в сино езеро!”
„Егиди мори бела Бојано!
Како го рекоф, така го стекоф.”