Зборник на Миладиновци/ 537 песна
Кога да играет сваќата | 537 песна од Браќа Миладиновци |
538 песна |
на современ македонски правопис. |
Мори сваке Јоанице!
Со што сина се фалеше?
Имам сина работника,
Брго орат, брго копат;
Виде рало се зачуди.
Мори сваке Јоанице!
Со што куќа се фалеше?
Си имам куќа голема;
Кога дојдоф да видам,
Н' една греда стоеше,
Со што ми се фалеше!
Имаш церга волои,
Кога дојдоф да видам,
Едно куцо волиште
С едно криво рожиште!
Имам коње ергеле,
Кога дојдоф да вида,
Едно красто којниште!
Кога дојдоф да вида,
Едно красто козиште!