Зборник на Миладиновци/ 495 песна

494 песна 495 песна

од Браќа Миладиновци
496 песна
на современ македонски правопис.


„Што ти, Енко, што ти, керко, уста потгорила?
Глава преврзала, Енко, пот трем си легнала,
Пот трем си легнала, Енко, дури те стресло?
Дали за водица, Енко, да ли за грозице?”
„Немуј, нанке, мила нанке, така не зборувај!
Не ет за водица, нанке, не ет за грозице;
Што си видох, мила нанке, едно лудо младо
Едно лудо младо, нанке, едно неженето,
Него да го земам, нанке, глава да разминит.