Зборник на Миладиновци/ 487 песна

486 песна 487 песна

од Браќа Миладиновци
488 песна
на современ македонски правопис.


Девојче море от поле!
Не шатеј дробно по поле,
Не кревај с поли правои,
Не накревај ми јадои,
От сум от дома јадовен,
Љуто ме мајка карало:
„Обишол, да би обишол
Три девет бели градои,
Нигде девојка немаше,
Тук да би нашол вдоица,
Со дванадесет сираци,
Со тринадесет чивлици.”
Како го мајка к'лнало,
Така го клетва фатило.
Обиде Стојан, обиде
Три девет бели градои,
Нигде девојка не најде,
Туку ми најде вдоица,
Со дванаесет сираци,
Со тринаесет чивлици.