Зборник на Миладиновци/ 478 песна
477 песна | 478 песна од Браќа Миладиновци |
479 песна |
на современ македонски правопис. |
„Канам те, керко, канам те,
Канам те, Руно, поканвам,
У мајка дојди на гости,
Заедно со стопана ти;
Вечер чиниме првиче,
За љубов, керко, зетоа.”
„Како да дојдам, мајче ле,
Срцево ми го изгоре!
Зетот је мошне малечек,
Ах, ти ме зеде на душа!
Ката вечер тој, мајче ле,
На к'тот тешко заспиват,
На р'це ја си го кревам,
Него в одаја го носам,
На три постели го клавам,
Момче одвај се разбудвит,
Р'це ми клаат в пазуа,
А незнајт да ме пољубит;
Пак ми задремвит лудото,
Как рудо јагне заспиват.”