Зборник на Миладиновци/ 434 песна
433 песна | 434 песна од Браќа Миладиновци |
435 песна |
на современ македонски правопис. |
Скарале се, скарале
Три девојки убави
На еднего јунака,
На сирака Стојана;
Една беше Влаина,
Друга беше Гркина,
Tpeкa беше Бугарка.
Bлaинa му велеше:
„Земи мене, јуначе!
Многу прит ке донеса
Три тоари чораби,
Триста бели грошеи.”
„Гркина му велеше:
„Земај мене, јуначе!
Многу прит ке донесам,
Три тоари коприна,
Триста жолти дукади.”
Бугарка му велеше:
„Земи мене, јуначе!
Многу прит ке донесам,
Три амбари пченица,
Една сурја волови.”
Јуначе ним им велеше,
Кој ке мене изнесит
Прек' белего Дунава,
Да неа ке изберам
Да неа ке ја земам.”
Кренала го Влаина,
Носила го, носила,
До крај бело Дунава:
Привикала Влаина;
„Ела, ела Гркино!
Удаифме јунака.”
Го кренала Гркино,
Носила го носила
До стрет бело Дунава;
Привикала Гркино:
„Ела, ела Бугарке!
Удаифме јунака.”
Се загнала Бугарка,
Чукнало го, пљуснала,
На свој бели рамена,
Носила го. носила,
Из крај бело Дунава.
Неа јунак си зеде.