Зборник на Миладиновци/ 417 песна
416 песна | 417 песна од Браќа Миладиновци |
418 песна |
на современ македонски правопис. |
„Што болна лежиш, Вранке девојке, мене не кажвиш,
От ошт си болна што боља имаш,
Што болна имаш нa твоја сн'га?”
„Не сум си болна, бре лудо млада, от моја болес,
Тук сум си болна , от Кудус ага,
Зашто ми пушти млади сејмени,
Што ми пление мој шарен ковчек,
Мој шарен ковчек с бели дарои.
И ми станала Вранка девојка,
Та ми отишла при Кудус-ага,
Та се качила на висок диван,
Со гласој викат с'лѕи ми ронит:
„Да видат госпаг, млат Кудус-ага, от твој сејмени
Што ми пление мојот ковчек,
Во ковчек имаф бела дарои,
Не ми је жалба за бели дарој;
Тук ми је жалба за бела риза,
Сум ја везела девет години,
Сум поарџила девет иљади,
Девет иљади срма, клабодан,
Мојата риза за мое лудо,
Да му ја пуштам за голем пештеш.”