Зборник на Миладиновци/ 414 песна

413 песна 414 песна

од Браќа Миладиновци
415 песна
на современ македонски правопис.


Стојане, море Стојане,
Стојане, бегов дрваре!
На два те друма терале,
На треки друм те фатиле,
Бели ти р'це врзале
Со твојте црни потвески;
Долу те в село слегое
У попатего старего.
Попот иматтт две керки
И треќа снаа Митана:
„Митано, жити два брата,
Извај ми некој две золви,
По еднош да и целивам
По дукат да и дарувам.”