Зборник на Миладиновци/ 407 песна

406 песна 407 песна

од Браќа Миладиновци
408 песна
на современ македонски правопис.


Каља имат црни очи
Како грозје Камендолско,
Горе долу разгледува
Кај што Турци кафе пиат.
Кај рисјани вино пиат
Што имаше едно момче,
Едно момче Ѓан Ѓаниче,
Ни седуват, ни зборуват,
Горе долу разгледват,
И во Каља погледуват,
И со глава надмрдуват,
И со р'ка намахнуват,
Та со уста је зборуват:”
„Ој ти Каљо, калеш Каљо!
Ајде, Каљо да бегаме
Да бегаме наш виљает,
Дури гора шума имат,
Дури поле шетба имат,
Крива река кумоника;
Наш виљает мошне харен,
Наш виљает до две с'нца.”