Зборник на Миладиновци/ 389 песна

388 песна 389 песна

од Браќа Миладиновци
390 песна
на современ македонски правопис.


„Стојничко, моја душичко!
Ела ми вамо повамо,
Крај мое десно колено,
Крај мојата брза коња;
От коња да се наведам,
Лице твое да целивам.”
Она веле и говоре:
„Еј море лудо, да младо!
Миниш, поминиш от тува,
Низ нашите рамни дворје,
Нимуј се с мене задевај,
Нимуј с мене смислувај,
Вчера сум била на река,
Везден сум платно белела,
Т'нките пусти дарове,
Везден ме слонце грејало;
Глава ме боле до бога,
Не можам да ти зборувам,
Ни с очи да те погледам,
Ни с глава да ти намахнам.”
Тогај веле лудо младо:
„Стојничко, моја душичко!
Лел те је глава болело.
Зашто не дојде до мене,
Јас имам билка от глава,
Позлатен нетоп на глава,
Главата да ти помине,
Т'гата да ти размине.
Ела ми вамо повамо,
Крај мое десно колено,
Крај мојата брза коња,
От коња да се наведам,
Очите да ти милувам,
Пазухи да ти драгувам.”
Она му веле, говоре:
„Еј море лудо, да младо!
Миниш, заминиш от тува,
Немуј ме мене задевај,
Немуј ме мене смислувај!
Вчера сум била на лозје,
Везден сум лозје копала,
Везден сум грозје зобала,
Дур ми је грло болело,
Грло ме боле до бога,
Не можам да ти зборувам,
Ни с очи да те погледнам,
Ни с глава да ти намахнам.”
„Стојничко, моја душичко!
Лел те је грло болело,
Оти не дајде до мене?
Јас имам биљка за грло,
Ке ти врзех рет ж'лтици,
Грлото да ти помине.”